(Видео) Дејан Манасков го постигна најубавиот гол во Лигата на шампионите!

 

Објавено:

Македонската ракометна легенда и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, го доби најголемото признание за својата мајсторија во досегашниот дел од сезоната. ЕХФ официјално го прогласи неговиот погодок за број 1 во изборот на „Топ 10 голови“ во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Летечкиот“ Манасков уште еднаш докажа зошто со години е во светскиот ракометен крем. Неговата атракција, која ги остави без здив навивачите и противничките голмани, се најде на врвот на листата, пред некои од најголемите ѕвезди на денешницата.

Манасков пред Гидсел, Пранди и Коста

Конкуренцијата за најубав гол беше „пеколна“. Зад македонското крило останаа играчи како најдобриот ракометар на светот, Матијас Гидсел од Фуксе Берлин, „бомбардерот“ на ПСЖ, Елохим Пранди, како и младата португалска сензација на Спортинх, Мартим Кошта.

На листата на најдобрите десет се најдоа и имиња како Томас Арнолдсен од Алборг, Оскар Бергендал од Магдебург и тандемот на Барса, Луис Фраде и Иан Баруфет. Сепак, никој од нив не успеа да го засени потегот на Манасков кој стана апсолутен вирален хит меѓу љубителите на ракометот.

Ова е уште еден доказ дека македонскиот ракометен гениј сè уште е на врвно ниво, а неговите „летачки“ погодоци остануваат заштитен знак на Лигата на шампионите.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено