(Видео) Шоу на Комо: „Петарда“ за одлепување од Јувентус.

 

Објавено:

Фудбалерите на Комо продолжија со фантастичните настапи во Серија А, откако на домашен терен буквално го демолираа тимот на Пиза со 5:0 во натпревар од 30-тото коло.

Избраниците на Цеск Фабрегас доминираа од првата до последната минута. Голеадата ја отвори Асане Диао уште во 7. минута по грешка во гостинската одбрана, а до крајот на полувремето Тасос Дувикас зголеми на 2:0 (29′).

Во вториот дел, Комо не застана. Хрватот Мартин Батурина (48′), Нико Паз (75′) и Максимо Пероне (81′) ја комплетираа „петардата“ во мрежата на гостите. Посебно израдува погодокот на младиот Паз, кој одигра одличен меч и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот.

Со оваа петта победа по ред, Комо стигна до 57 бодови и се зацврсти на четвртото место кое води во Лигата на шампионите, оставајќи го Јувентус на минус три бода. Од друга страна, Пиза останува во зоната за испаѓање на претпоследното 19. место со само 18 бодови.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено