Пекол во Копенхаген: „Паркен“ е целосно распродаден за Македонија!

 

Објавено:

Во Данска веќе владее вистинска фудбалска треска пред клучниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2026. Данскиот фудбалски сојуз (ДБУ) официјално потврди дека култниот стадион „Паркен“ во Копенхаген е целосно распродаден за пресметката со Македонија во четврток (26 март).

Тоа значи дека избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски ги очекува вистинска „хексекедел“ (пеколна) атмосфера и преку 38.000 домашни навивачи кои ќе грмат од трибините.

Сепак, притисокот е на страната на домаќинот. Мотивот кај нашите „рисови“ е на највисоко ниво, атмосферата на собирот е одлична, а облечени во новото специјално жолто издание на „Адидас“, македонските репрезентативци се подготвени да го остават срцето на терен. Данците можеби имаат полн стадион, но Македонија патува во Копенхаген со една единствена цел, да приреди уште едно историско чудо и да го продолжи Мундијалскиот сон!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено