Од 2:0 до 2:3: Нестварен пресврт на Башкими во последните 10 минути.

 

Објавено:

Натпреварот меѓу одамна отпишаниот Шкупи и кумановски Башкими во рамките на 24. коло од ПМФЛ требаше да биде рутинска задача за домашниот тим (кој поради суспензија на својот стадион, номинално гостуваше во Куманово). Наместо тоа, сведочевме на еден од најлудите натпревари оваа сезона!

По здодевното прво полувреме без голови и по тежок терен натопен од дожд, вистинскиот шок следуваше на стартот од вториот дел. Во 49. минута, 19-годишниот Алтин Зибери со фантастичен удар од далечина го совлада Стојковски за водство на Шкупи од 1:0. Само три минути подоцна, нов шок за кумановци, Судејс Чајани со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот ја закова топката во мрежата за неверојатни 2:0!

Ситуацијата за Башкими стана речиси невозможна во 72. минута, кога поради црвен картон исклучен беше Немања Ор. Но, токму тогаш започна нестварниот кам-бек.

Иако со играч помалку, Башкими тргна на сè или ништо и преку прекини успеа целосно да го сврти натпреварот. Во 79. минута, Есмин Личина со глава намали на 2:1 по одлично нафрлување од корнер. Само 60 секунди подоцна, по голема мешаница во шеснаесетникот на Шкупи, топката удри во пречката, а Шкељким Ферати несреќно си постигна автогол за 2:2! Комплетниот пресврт се случи во 89. минута, кога Луис Рибеиро со прецизен удар со глава го совлада голманот Муслиу за конечни 2:3. На Рибеиро дури му беше поништен и уште еден гол во судиското надополнување поради офсајд.

Со оваа инфаркт-победа, Башкими стигна до 35 бодови и се зацврсти во безбедната зона (6. место) на табелата, додека Шкупи остана закован на дното со само 1 бод, продолжувајќи ја својата неславна серија како единствена екипа во Европа без ниту една победа оваа сезона.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено