Растодер оптимист: Во еден меч сè е можно!

 

Објавено:

Македонската фудбалска репрезентација утре патува за Копенхаген, каде ја очекува историскиот бараж натпревар против Данска за пласман на Светското првенство 2026 во Америка. Еден од најголемите адути на новиот селектор во нападот дефинитивно ќе биде Елмин Растодер.

Напаѓачот на швајцарски Тун игра во животна форма. Оваа сезона во Швајцарската Суперлига веќе има постигнато 12 погодоци и 5 асистенции на 30 натпревари, со што докажа дека израсна во сериозен европски голгетер чија пазарна вредност веќе достигнува 3 милиони евра.

Сега, целиот тој моментум Растодер сака да го пренесе во националниот дрес, токму кога е најпотребно.

„Имаме нов селектор и тоа е дополнителна екстра мотивација за сите нас. Македонија е одлична екипа. Се игра само еден натпревар, а кога е така, сè е можно! Ова ќе биде најтешкиот, но и најзначајниот натпревар во мојата кариера. За ваков предизвик не ни е потребна дополнителна мотивација, сите знаеме што носи овој бараж,“ истакна Растодер пред тргнувањето за Данска.

Запрашан за наводното потценување од страна на данската ѕвезда Расмус Хојлунд, македонскиот напаѓач одговори смирено, но со голема самодоверба.

„Ние имаме одлични играчи. Како што реков, на еден натпревар сè може да се случи. Се работи за менталитетот. Мора да бидеме подготвени, бидејќи квалитет дефинитивно имаме,“ заклучи 24-годишниот голгетер.

Со полна самодоверба, нов стручен штаб и играчи кои се гладни за докажување, Македонија патува на „Паркен“ за да го расипе данското славје и да го продолжи Мундијалскиот сон.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено