Бледо издание во Даблин: Македонија и Ирска одиграа реми за заборав

 

Објавено:

По болните елиминации во баражот за Мундијалот, репрезентациите на Ирска и Македонија вечерва на стадионот „Авива“ одиграа натпревар кој веројатно многу брзо ќе биде заборавен. Во дуел без вистински резултатски жар и со многу тактизирање, конечните 0:0 беа реален одраз на она што се случуваше на теренот.

Наместо да се подготвуваат за историски настап на Светското првенство, фудбалерите на двете селекции мораа да одработат пријателски меч кој по повеќе параметри делуваше како рутина која треба што побрзо да помине.

Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

Седлоски ротираше, но нападот остана без „муниција“

Селекторот Гоце Седлоски го одржа ветувањето за промени и им даде шанса на дури 21 фудбалер. Во стартниот состав се најдоа Фетаи, Велковски, Алими и Костадинов, но промената на имињата не донесе промена во офанзивата. Македонија делуваше организирано во дефанзивата, но загрижувачки е фактот што за 90 минути упативме само еден директен удар во рамките на голот на Калехер.

Првото полувреме помина во знакот на Ирците, поточно на Тлој Парот, кој постигна два гола кои оправдано беа поништени поради офсајд. Македонија се закани преку слободниот удар на Барди, но тоа беше премалку за да се загрози противникот.

Извор: Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

Дирекот и Димитриевски нè спасија од пораз

Во вториот дел Ирска притисна посилно. Најсериозната закана дојде во 52. минута кога Парот ја погоди стативата од нашиот гол, а подоцна и Фетаи со пожртвуван блок спречи сигурен погодок. Столе Димитриевски повторно беше на висина на задачата, особено во петтата минута од судиското надополнување кога со одлична интервенција го сопре ударот на резервистот Кени и го зачува почетниот резултат.

Повреди и дебитантски минути

Натпреварот го одбележа и дебито на младиот Фетаи, кој одигра коректни 65 минути пред да биде заменет од Муслиу. Сепак, сенка на натпреварот фрли повредата на Решат Рамадани, кој само што влезе во игра мораше да го напушти теренот поради повреда, отстапувајќи му го местото на Бејтулаи.

На крајот, Македонија се враќа со реми од Даблин, но со многу прашалници околу креативноста во нападот пред јунските предизвици и новата сезона во Лигата на нации.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено