Репрезентативниот циклус во март донесе многу возбудувања, но за македонскиот фудбал тие резултираа со благо назадување на официјалниот поредок на Светската фудбалска федерација. Иако ФИФА официјално ќе ја потврди листата следниот месец, математиките се веќе јасни – Македонија загуби поени и позиции.
„Змејовите“ во налет, „рисовите“ едно скалило подолу
По убедливиот пораз од Данска (4-0) и ремито без голови во Даблин против Ирска, Македонија остана без 7,15 бодови на своето конто. Овој негативен биланс нè спушти за едно место на ранг-листата и сега се наоѓаме на 67. позиција.
Она што боде во очи е огромниот скок на Босна и Херцеговина. Со епската елиминација на Италија и пласманот на Мундијалот, популарните „Змејови“ напредуваа за дури пет места и сега се наоѓаат веднаш пред нас, преземајќи го приматот во овој дел од поредокот.
Франција е нов крал на фудбалот, Бразил надвор од Топ 5
Големи потреси има и во елитното друштво. Светот има нов лидер, а тоа е репрезентацијата на Франција, која ги симна од тронот Шпанија (сега втора) и светскиот првак Аргентина, која падна на третото место.
Португалија продолжува со одличните игри и сега е петта светска сила, прескокнувајќи го Бразил кој бележи пад. Најдобрите десет на светот ги комплетираат Холандија, Мароко (најдобро рангирана африканска селекција), Белгија и Германија.
ТОП 10 ФИФА РАНГ-ЛИСТА:
- 🇫🇷 Франција (+1)
- 🇪🇸 Шпанија (-1)
- 🇦🇷 Аргентина (-1)
- 🏴 Англија
- 🇵🇹 Португалија (+1)
- 🇧🇷 Бразил (-1)
- 🇳🇱 Холандија
- 🇲🇦 Мароко (+1)
- 🇧🇪 Белгија (-1)
- 🇩🇪 Германија
Следете нè: Facebook | Instagram | X



