Од скинати сандали до ѕвезда од 100 милиони: Инспиративната приказна на Јан Диоманде!

 

Објавено:

Јан Диоманде е вистинска сензација оваа сезона во дресот на РБ Лајпциг. Неговиот пат до врвот е вистинска филмска бајка за огромната упорност и вербата во соништата.

Роден во Абиџан (Брегот на Слоновата Коска), Јан како дете почнал да игра фудбал во скинати сандали бидејќи немал пари за вистински копачки. Напуштајќи го семејството рано со ветување дека еден ден ќе стане професионалец и ќе ги обезбеди, тој во 2022 година заминува во САД на Академијата „ДМЕ“. Таму пристигнал без воопшто да знае англиски јазик, кој го научил користејќи ја апликацијата Duolingo.

Во почетокот на 2025 година, тој пристигнува во шпански Леганес, каде го забележува своето деби токму против моќниот Реал Мадрид. Својот прв професионален гол го прослави во солзи, посветувајќи го на неговата неодамна почината сестра.

Само шест месеци подоцна, неговиот неверојатен талент го препозна РБ Лајпциг. Диоманде веднаш блесна во Бундеслигата, а набрзо влезе и во историјата како втор најмлад играч кој постигнал хет-трик во германската елита.

Денес, овој 19-годишен репрезентативец блеска на терените, а германскиот клуб веќе му подготвува нов подобрен договор, проценувајќи го на над 100 милиони евра. Вистински доказ дека чудата се возможни со напорна работа!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено