Историја во „Билјанини Извори“: Охрид вторпат го победи Олимпијакос и оди во полуфинале!

 

Објавено:

Екипата на ГРК Охрид го оствари најголемиот успех во својата клупска историја! Во пеколната атмосфера на целосно распродадената сала „Билјанини Извори“, македонскиот претставник славеше и во реваншот против грчкиот Олимпијакос со 25:24, со што со вкупни 56:50 патува меѓу четирите најдобри екипи во ЕХФ Европскиот Куп.

Охриѓани во ниту еден момент не го доведоа во прашање пласманот понатаму, успешно бранејќи ја (и зголемувајќи ја) капиталната предност од пет гола стекната на првиот натпревар во Атина.

Доминација од почеток до крај

Избраниците на Борис Ројевиќ носени од френетичната поддршка од трибините, одлично го отворија натпреварот. Охрид постојано беше во водство, во еден момент стигнувајќи и до највисоки +4 (14:10). Гостите до крајот на полувремето успеаја само да ја преполоват негативата за резултат 14:12 на паузата.

Во второто полувреме се играше поизедначено. Олимпијакос тргна на сè или ништо и во неколку наврати во финишот стигна до минимално водство (21:22, 22:23), но Охрид брзо возвраќаше. Во последните минути, со головите на Дарко Ѓукиќ и Џанфранко Прибетиќ, како и клучните одбрани на голманот Кристијан Пилиповиќ, македонскиот тим стигна до нова, заслужена победа.

Извор: Balkan-Handball.com {https://www.instagram.com/balkanhandball_official/}
Извор: Balkan-Handball.com {https://www.instagram.com/balkanhandball_official/}
Извор: Balkan-Handball.com {https://www.instagram.com/balkanhandball_official/}
Иванковиќ нерешлива енигма

Најефикасен во редовите на Охрид беше брилијантниот Анте Иванковиќ кој постигна 8 погодоци (со 80% реализација). Томи Јагуриновски додаде 4, додека Вуко Борозан и Дарко Ѓукиќ постигнаа по 3 гола. На голот одличен беше Пилиповиќ со 12 интервенции. Кај Олимпијакос се истакна Савас Савас со 5 погодоци.

Следна станица – словенечко Целје!

Противник на Охрид во историското полуфинале ќе биде добро познатиот словенечки гигант Целје Пивоварна Лашко, кој во своето четвртфинале го елиминираше турскиот претставник Бурса.

Останува да видиме дали „Гладијаторите“ можат да го продолжат европскиот сон и да се изборат за големото финале!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено