Битката за пласман на „Фајнал 4“ турнирот во ЕХФ Европската лига може да започне! Ракометната судбина посака РК Вардар 1961 во четвртфиналето повторно да ги вкрсти копјата со стар и добро познат ривал, францускиот гигант Монпелје.
Првиот натпревар е закажан за 28 април (вторник) со почеток во 20:45 часот во Франција, додека реваншот кој ќе го даде патникот за Хамбург ќе се одигра на 5 мај во пеколот во Скопје.
Историја која ветува: Вардар знае како со Французите!
Ако погледнеме во историјата на нивните меѓусебни дуели (како што објави и самата ЕХФ), статистиката е убедливо на страната на македонската гордост. Во вкупно 11 одиграни натпревари во европските натпреварувања, Вардар има дури 7 победи, Монпелје славел само 3 пати, додека еден натпревар завршил без победник.
„Црвено-црните“ добро знаат како да го скротат францускиот систем на игра, а навивачите со право се надеваат на нов европски подвиг.
ЕХФ ја загрева атмосферата: „Приказна за едно ривалство“
Официјалните профили на Европската ракометна федерација (ЕХФ) веќе почнаа со најава на овој ракометен блокбастер. Под слоганот „Story of a rivalry“ (Приказна за едно ривалство), тие го најавија патот кон Хамбург.
Will Montpellier break the curse? 🇫🇷💥🇲🇰 @mhbofficiel #ehfel #elm #handball pic.twitter.com/Ud0LNjLFcX
— EHF European League (@ehfel_official) April 21, 2026
Клубовите веднаш влегоа во позитивна провокација на социјалните мрежи. Од Монпелје порачаа: „Се гледаме следната недела“, на што администраторите на Вардар шмекерски вратија: „Исто како во добрите стари времиња, едвај чекаме!“
Коментарите под објавите „прштат“ од македонски фанови кои веќе ја создаваат познатата вардарова атмосфера, оставајќи срца во црвено-црни бои и повикувајќи на нова победа за Скопје и Македонија.
За крај на оваа најава:



