По завршувањето на возбудливиот ТОП 6 сегмент, комесарот за натпреварување на „МТЕЛ“ Супер лигата, Александар Милојевиќ, официјално го утврди распоредот за финалната пресметка за шампионската титула. Четирите најдобропласирани екипи во лигата, ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Маџари, ќе ги одмерат силите во полуфиналните серии.
Согласно системот на натпреварување, полуфиналето ќе се игра во формат „подобар од три натпревари“ (1-1-1), при што предноста на домашен терен ја имаат подобро рангираните екипи. Поради обврските на тимот на ТФТ во баражот за пополнување на АБА 1 лигата, календарот претрпе одредени модификации.
Полуфинални двојки и термини:
ТФТ (1) – Маџари (4)
- Прв натпревар: 4 мај во Скопје
- Втор натпревар: 12 мај
- Мајсторка (доколку е потребно): 16 мај
МЗТ Скопје Аеродром (2) – Пелистер (3)
- Прв натпревар: 6 мај
- Втор натпревар: 9 или 10 мај во Битола.
- Мајсторка (доколку е потребно): 13 мај
Битка за трофејот: Финална серија
Големото финале ќе се игра според принципот „подобар од пет натпревари“ (2-2-1). Првиот натпревар од финалната серија е закажан за 20 мај (среда). Доколку серијата отиде до максимум, новиот шампион на Македонија ќе го дознаеме на 3 јуни, кога е предвиден евентуалниот петти натпревар.



