Македонската ракометна репрезентација вечерва го започнува патот кон Светското првенство 2027 година со првиот бараж натпревар вечерва против селекцијата на Словачка. Еден од столбовите на нашиот национален тим, искусниот голман Никола Митревски, повикува на претпазливост, но и верува во квалитетот на „црвено-жолтите“ пред првиот дуел во Прешов.
Иако Македонија за првпат ќе се соочи со овој противник, Митревски смета дека тимот завршил одлична работа во подготвителниот период.
Митревски потенцира дека гостувањето во Словачка е само првиот дел од задачата и дека ништо нема да биде конечно решено по првите 60 минути.
Митревски: Подготвени сме за незгоден противник
„Никогаш не сме играле против Словачка и овој натпревар ќе биде тежок и незгоден затоа што играме на гостински терен. Мислам дека се подготвивме доволно добро преку анализа на нивните претходни натпревари“, вели Митревски.
Искусниот чувар на мрежата верува дека бројните настапи на големите натпреварувања во изминатите години се клучниот фактор кој треба да им донесе стабилност на нашите ракометари.
Оптимизам базиран на искуство
„Големите натпреварувања кои ги имаме позади нас ни даваат право да очекуваме добар и позитивен резултат. Ништо нема да биде решено тука, на првиот меч. Тоа ќе биде само едно полувреме од овој двомеч. Ќе се обидеме да го дадеме максимумот и да извлечеме поволен резултат пред реваншот“, дециден е Митревски.
Натпреварот во Словачка започнува во вечерва во 19:00 часот (14 мај), а целта е јасна = активен резултат кој ќе ни ги подотвори вратите кон мундијалот пред вториот натпревар во Скопје.



