Наполи ја потврди разделбата со Конте, навивачите синоќа веќе го испратија со песна!

 

Објавено:

Антонио Конте и официјално повеќе не е тренер на Наполи. Италијанскиот стратег ја потврди разделбата синоќа по победата над Удинезе (1:0) во последното коло од Серија А, ставајќи точка на двегодишниот престој под Апенините во кој на Неапол му донесе една титула во Скудетото и еден пехар од Суперкупот на Италија.

Kлубот денеска со официјално соопштение преку своите канали на социјалните мрежи ја потврди разделбата со трофејниот стратег. Со куса и јасна порака: „Благодариме за сè, шефе!“ и фотографија со шампионскиот медал, Наполи стави точка на двегодишниот престој на Конте под Везув, во кој на Неапол му донесе една титула во Серија А и еден пехар од Суперкупот на Италија.

Иако одлуката за заминување е донесена според заеднички договор со сопственикот Аурелио Де Лаурентис, двајцата се појавија заедно на завршната прес-конференција, која помина во нивниот препознатлив стил – со неколку несогласувања, но и со многу интересни изјави на сметка на италијанската федерација.

Аплаузи од трибините и емотивна порака од неаполските ултраси

И покрај најавеното заминување, навивачите на стадионот „Диего Армандо Марадона“ покажаа огромен респект кон стратегот кој го врати победничкиот менталитет во клубот. Целиот стадион со громогласен аплауз и со скандирања „Оле, Оле, Оле, Мистер“ го испрати Конте, а најверните ултраси развија и посебен транспарент во негова чест.

„Ја дигнавте вредноста на дресот и дома и на гости, дури и тогаш кога нашата поддршка изостана. Денес, тренерот и тимот го добиваат заслужениот триумф“, пишуваше на пораката од трибините.

„Има ли пари за Гвардиола?“ – Конте со провокација за репрезентацијата

Веднаш по потврдата за заминувањето, италијанските новинари го отворија прашањето за селекторската позиција во репрезентацијата на Италија, каде Конте важи за еден од главниот фаворити. Тој призна дека е отворен за разговори, но во свој стил испрати отворена провокација до Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ), алудирајќи на шпекулациите дека се преговара и со Пеп Гвардиола, кој по една деценија го напушти Манчестер Сити.

„Јас бев многу јасен. Реков дека доколку сум претседател на федерацијата, веднаш би го донел Конте. Сега гледам се споменува и името на Гвардиола. Дали ФИГЦ воопшто е подготвена за врвен тренер? Дали имаат пари да го платат Гвардиола? Јас прв ќе кажам дека треба да го ангажираат, но прашањето е дали имаат буџет за тоа“, изјави Конте.

Во однос на својата иднина, тој се пошегува дека доколку не најде соодветен ангажман летово, нема да брза по секоја цена. „Сега сите клупски клупи се зафатени. Најверојатно добро ќе се одморам, а можеби ќе му одам на гости кај Аурелио во Лос Анџелес за заедно да го гледаме Светското првенство“, додаде искусниот стратег.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено