Денеска македонскиот спортски интернет простор се разбуди со една главна вест, Ненад Димитријевиќ еден од најдобрите македонски кошаркари, ги пакува куферите за Солун. Според сите домашни медиуми кои се повикуваат на еден грчки твит, Нено е на прагот да потпише за грчки Арис.
Приказната вели вака, легендарниот Василис Спанулис седнува на клупата на Арис и гради моќен проект за враќање на старата слава на клубот, а Нено Димитријевиќ е првата желба на неговата листа. Според „добро упатените“ грчки извори, преговорите се во завршна фаза и прашање на часови е кога ќе падне официјален потпис.
Aris BC is pursuing a major transfer, with Nenad Dimitrijevic in advanced talks with the Thessaloniki side🔥
— hoopsforthought.gr (@hoopsfthoughtgr) June 4, 2026
A deal is highly likely to be finalized in the coming hours👀
Via: @gazzetta_gr #arisbc #dimitrijevic #euroleague #paobc #olympiacosbc pic.twitter.com/PtT02H9TIc
💥🟡⚫ 𝝤 𝝖𝝦𝝜𝝨 𝝗𝝦𝝞𝝨𝝟𝝚𝝩𝝖𝝞 𝝨𝝚 𝝥𝝦𝝤𝝬𝝮𝝦𝝜𝝡𝝚𝝢𝝚𝝨 𝝚𝝥𝝖𝝫𝝚𝝨 𝝡𝝚 𝝩𝝤𝝢 𝟮𝟴𝝬𝝦𝝤𝝢𝝤 𝝢𝝚𝝢𝝖𝝢𝝩 𝝢𝝩𝝞𝝡𝝞𝝩𝝦𝝞𝝘𝝚𝝗𝝞𝝩𝝨, 𝝨𝝚 𝝟𝝞𝝢𝝜𝝨𝝜 𝝡𝝚… 𝝖𝝦𝝮𝝡𝝖 𝗘𝗨𝗥𝗢𝗟𝗘𝗔𝗚𝗨𝗘
— gazzetta.gr (@gazzetta_gr) June 4, 2026
🔗 https://t.co/9c0JNrkL9Z#arisbc pic.twitter.com/1B7jJkR0Mr
И додека сите портали кај нас веќе го облекоа Нено во жолто-црниот дрес на солунскиот тим, ние во Спортска Станица велиме „Да почекаме и да земеме сè со доза на резерва.“
Зошто? Прво, информацијата тргна од Твитер (X) и се пренесе масовно, без никаква официјална потврда од клубот или од менаџерскиот тим на Димитријевиќ. Второ, и најважно, Ненад Димитријевиќ во моментов се бори за шампионската титула во германската Бундеслига со екипата на Баерн Минхен.
Во ваков клучен момент од сезоната, фокусот на Нено е апсолутно насочен кон теренот и освојувањето на трофејот. Секој професионалец знае дека ваквите приказни можат само да го дефокусираат тимот.
Откако ќе заврши сезоната во Германија, Нено и неговиот тим ќе седнат и ќе ја донесат конечната одлука. А да бидеме искрени, дури и да одлучи да остане во Баерн Минхен, тим кој игра во Евролигата тоа нема да биде воопшто погрешна одлука. Арис гради сериозен проект, но играњето во Евролигата за Баерн е сепак предизвик на највисоко можно ниво.
Затоа, наместо да ги славиме „готовите“ трансфери од Твитер, да го поддржиме Нено во битката за германската титула. Откако ќе крене пехар, ќе има време за трансфер саги.



