Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ игра во врвна форма во дресот на Баерн Минхен! По брилијантните настапи во полуфиналната серија против Бон, Нено сосема заслужено го доби своето место во идеалната петорка (Best 5) за полуфиналето во германската Бундеслига (ББЛ).
Она што е за вистинска гордост е фактот дека нашиот репрезентативец е најдобро оценетиот играч во овој елитен избор, со највисок индекс на корисност, оставајќи ги зад себе останатите ѕвезди во лигата.

Откако баварците експресно со 3-0 го елиминираа тимот на Телеком Баскетс Бон, сега со нетрпение го чекаат својот противник за битката за титулата. Големото финале стартува во петок (12 јуни) пред домашната публика во Минхен, каде маестралниот Димитријевиќ ќе има шанса да ја круниса оваа фантастична полусезона со шампионски прстен.



