6.8 C
Skopje

КФСМ потврди: Нова Супер Лига и помалку клубови!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денес објави нова, сеопфатна стратегија за периодот 2025-2029, која носи големи промени во комплетниот натпреварувачки систем. Целта, според федерацијата, е да се изгради систем со поголем квалитет и финансиска дисциплина, ставајќи крај на импровизациите.

Најголемите новини вклучуваат ре-брендирање на лигите (досегашната Прва лига станува Супер Лига), намалување на бројот на екипи во елитата на 10 (од сезоната 2026/27), и нови правила за бројот на странски играчи. Воведена е и Аматерска лига, додека М20 лигата се реактивира како развојна.

Рокот за пријавување на сениорските екипи за новата сезона е од 7 до 11 јули, а од Федерацијата нагласуваат дека новите правила за лиценцирање и финансиска дисциплина ќе важат за сите, без исклучок.

Сите детали за промените во младинските и сениорските лиги, како и новите правила, прочитајте ги во официјалното соопштение на КФСМ.

Прочитајте го целото соопштение тука: Клик

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено