На каков дожд се возеше Тур де Франс во 1936!

 

Објавено:

Денес заврна на Тур де Франс, па тоа нè потсети на една од најлегендарните трки која започна со првата етапа во траење од 241 километар од Париз до Лил на утрешен ден, 7 јули 1936 година.

Само за референца, еве како изгледа патеката на Тур де Франс денес, со вода и дожд.

Извор: https://x.com/letour_es

Но, еден од најзапаметените моменти во историјата на оваа велосипедска трка е токму дел од првата етапа во Лил. Трка која се возела во вонредни и екстремни услови. Имено, во 1936 година, во Лил велосипедистите морале да возат низ пороен дожд и реки по улиците, нешто што би било тотално незамисливо денес.

Велосипедите кои биле направени од железни конструкции биле многу потешки од денешните кои се направени од карбонски влакна и високи технологии, па можете само да замислите колку сила, упорност и издржливост била потребна за да се вози во вакви услови.

А, најиздржлив бил Швајцарецот Пол Егли, кој победил во оваа етапа од трката. Поради поројниот дожд велосипедистите биле оставени сами на себе, со минимална поддршка која се обидувала да ги следи низ реките и калта.

Извор: https://x.com/davidguenel
Извор: https://x.com/davidguenel
Извор: https://x.com/davidguenel
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено