Францускиот репрезентативец и еден од најдобрите леви бекови во светот, Тео Хернандез, ја напушта Европа и се сели во Ал-Хилал. Како што објави фудбалскиот познавач Фабрицио Романо, трансферот е комплетиран за 25 милиони евра, а договорот ќе биде потпишан во следните денови.
Ал-Хилал продолжува да гради моќен состав под водство на италијанскиот стратег Симоне Инѕаги, а 29 годишниот Хернандез е едно од најгласните имиња ова лето кога станува збор за засилувања на левата бековска позиција.
Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио исто така потврди дека зделката е целосно завршена, а Тео веќе е подготвен за новата авантура во амбициозниот проект на Ал-Хилал.
Клубот од Саудиска Арабија јасно покажува дека не застанува со доведување големи фудбалски имиња, а Хернандез ќе биде значајно засилување во борбата за нови трофеи.




