Центарскиот кошаркарски клуб на своите социјални мрежи најави дека од идната сезона носи двајца нови играчи.
Станува збор за Брет Томпсон и Филип Наков, кој ќе го носат црвено-белиот дрес на Работнички.
Брет Томпсон е 24 годишен американски кошаркар, роден на 29 декември 2000 година во Оукленд, Калифорнија. Тој во 2024 не беше избран за НБА драфтот, по што кариерата од колеџ кошарката во Америка ја продолжи во Босна, каде играше за Мостер и Леотар, каде имаше просек од 19.1 поени по натпревар, 3.3 скокови и 4.2 асистенции.
Томпсон доаѓа на позицијата плејмејкер во Работнички, со што клубот се надева дека ќе оствари подобри резултати идната сезона.
Другото засилување доаѓа на бековската позиција, каде ќе пристигне Филип Наков, еден од играчите на македонската младинска репрезентација кој беше најистакнат за успехот во 2019 година и опстанокот во Европското првенство, а потоа успесите ги продолжи и со У20 репрезентацијата која во 2023 година го освои сребрениот медал на Европското првенство Б-дивизија.
Во редовите на Работнички тој ќе пристигне од Вардар, каде одигра со просек од 8,8 поени по натпревар, 5,2 скокови и 3,2 асистенции.


