Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски на социјалните мрежи објави емотивна порака по повод пензионирањето на хрватската фудбалска легенда Иван Ракитиќ.
Алекс и Иван играа заедно изминатава сезона во Хајдук Сплит, клуб што беше совршен за крај на една легендарна кариера.

Прочитајте ја пораката во целост:
Драг Ракета,
Денес не е обичен ден, затоа што означува крај на едно прекрасно поглавје од твојот живот. Денес го напушташ теренот како фудбалер, но со себе ги носиш сите големи работи што ги даваше со години: твојата страст, твојата посветеност, твоите жртви и над сè, твојата класа – и на теренот и надвор од него.
Мене ми беше привилегија што ја делев оваа година со тебе. Многу научив од тебе, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прифати како брат и ми помогна да се чувствувам дел од нешто посебно.
Честитки за кариерата што ја изгради, за целите што ги постигна и за сите големи моменти што му ги даде на фудбалот. Денес престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за сите нас.
Среќно во сè што те чека. ❤️
Со почит,
Алекс
View this post on Instagram



