Фудбалската магија се враќа: Премиер лигата ја спасува светата традиција на „Боксинг Деј“

 

Објавено:

По ланскиот преседан кој ги налути фудбалските романтичари ширум светот, Премиер лигата конечно одлучи да ги послуша навивачите. Најсветата англиска спортска традиција, легендарниот „Боксинг Деј“, се враќа во својот полн сјај за сезоната 2026/27. Празничната магија на 26 декември повторно ќе значи преполни стадиони, исполнети пабови и вистински фудбалски маратон, токму онака како што налага вековната традиција.

Крај на „модерните“ експерименти со традицијата

Минатата година бевме сведоци на разочарувачки преседан. Поради комплексни телевизиски договори и обврската да се испорачаат 33 „викенд“ кола, на 26 декември се одигра само еден единствен натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл (кој беше додаден после жестоките реакции кои пристигнаа после првичната вест дека нема да има ниту еден). Тоа беше силен удар врз идентитетот на англиската игра, каде милионите од ТВ-правата за малку целосно ќе ја избришеа вековната спортска култура. Локалните фанови, за кои одењето на стадион веднаш по Божиќ е семејна традиција што се пренесува со генерации, тогаш останаа со празни раце.

Но, притисокот од јавноста и здруженијата на навивачи вроди со плод. Премиер лигата во своето официјално соопштение потврди враќање на традиционалниот празничен ритам. Оваа сезона, на самиот „Боксинг Деј“ (сабота, 26 декември), ќе се одиграат дури седум натпревари, додека преостанатите три средби од 17. коло се закажани за недела, 27 декември.

Со цел да се заштити здравјето на играчите во овој згуснат распоред, лигата гарантира минимален одмор од барем 60 часа помеѓу натпреварите за секој клуб, правејќи компромис помеѓу зачувувањето на празничниот дух и физичките напори на фудбалерите.

Распоред кој ветува спектакл од пладне до вечер

Празничниот маратон на 26 декември започнува во раниот термин од 13:30 часот (по наше време) со дуелот меѓу Лидс Јунајтед и Астон Вила. Традиционалниот термин во 16:00 часот носи четири симултани пресметки, по што Ливерпул му гостува на Хал Сити од 18:30 часот. Завршницата на денот му припаѓа на дербито на „Сент Џејмс Парк“, каде Њукасл ќе го пречека Манчестер Сити во 21:00 часот.

Раната најава на саатниците доаѓа по директни консултации со Здружението на фудбалски навивачи (FSA), давајќи им на навивачите повеќе од три месеци за организирање на патувањата во период кога транспортниот систем во Британија е најмногу оптоварен. Традицијата го издржа тестот на модерното време, а празничниот фудбал повторно се враќа онаму каде што припаѓа – меѓу навивачите.

Комплетен празничен распоред:

17. Коло (Боксинг Деј)

  • Сабота, 26 декември:
    • 13:30 ч. Лидс Јунајтед – Астон Вила
    • 16:00 ч. Евертон – Сандерленд
    • 16:00 ч. Фулам – Брајтон
    • 16:00 ч. Ипсвич – Брентфорд
    • 16:00 ч. Тотенхем – Борнмут
    • 18:30 ч. Хал Сити – Ливерпул
    • 21:00 ч. Њукасл – Манчестер Сити
  • Недела, 27 декември:
    • 15:00 ч. Ковентри – Челси
    • 17:30 ч. Манчестер Јунајтед – Нотингем Форест
    • 20:00 ч. Кристал Палас – Арсенал

18. Коло

  • Вторник, 29 декември:
    • 20:30 ч. Хал Сити – Лидс Јунајтед
    • 20:30 ч. Тотенхем – Брајтон
    • 21:15 ч. Евертон – Манчестер Сити
  • Среда, 30 декември:
    • 20:30 ч. Ковентри – Брентфорд
    • 20:30 ч. Кристал Палас – Борнмут
    • 20:30 ч. Фулам – Арсенал
    • 20:30 ч. Манчестер Јунајтед – Сандерленд
    • 20:30 ч. Њукасл – Нотингем Форест
    • 21:15 ч. Астон Вила – Ливерпул
    • 21:15 ч. Ипсвич – Челси

19. Коло (Новогодишно)

  • Петок, 1 јануари:
    • 21:00 ч. Лидс Јунајтед – Евертон
  • Сабота, 2 јануари:
    • 13:30 ч. Брајтон – Манчестер Јунајтед
    • 16:00 ч. Арсенал – Ипсвич
    • 16:00 ч. Брентфорд – Кристал Палас
    • 16:00 ч. Ливерпул – Ковентри
    • 16:00 ч. Нотингем Форест – Фулам
    • 16:00 ч. Сандерленд – Хал Сити
    • 18:30 ч. Борнмут – Астон Вила
  • Недела, 3 јануари:
    • 15:00 ч. Челси – Њукасл
    • 17:30 ч. Манчестер Сити – Тотенхем

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено