Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов продолжува со одличните настапи во полската Екстракласа. Во рамките на 9. коло, неговиот Погоњ Шчеќин оствари огромна победа на гостински терен против Пјаст Гливице со 2:1, а токму нашиот интернационалец беше човекот на одлука.
Натпреварот пред рекордна публика во Гливице понуди одличен фудбал. Гостите први дојдоа во водство во 26. минута преку спектакуларниот гол со ножички на Жорди Санчез. Сепак, радоста на Погоњ траеше кратко, бидејќи само пет минути подоцна (31′), Самуел Нтамак израмни на 1:1.
овде ќе биде погодокот малку подоцна
Моментот на одлука се случи во 57. минута. По една брза транзиција и одлично проигрување од Пол Мукаиру, македонскиот крилен напаѓач Дарко Чурлинов излезе сам пред противничкиот голман Домен Грил, маестрално го измами и со левата нога ја смести топката во празната мрежа за 2:1. Погодокот беше потврден и по кратка ВАР-проверка.
Со овој гол, Чурлинов ја прекина импресивната серија на Пјаст од три натпревари без примен погодок и му донесе клучни три бода на својот тим. Погоњ Шчеќин со оваа победа се искачи на 5. место на табелата со 15 бодови, најавувајќи сериозна битка за местата кои водат во Европа. Македонецот го напушти теренот во 82. минута, испратен со огромно задоволство од стручниот штаб.



