Боштјан Цесар ни ја кажа вистината в лице, Македонија не припаѓа во врвот!

 

Објавено:

Репрезентацијата на Словенија рутински ја совлада Македонија со 2-0 на стадионот „Стожице“ во Љубљана, нанесувајќи ни нов пораз во шестиот последователен натпревар без постигнат погодок. За новиот словенечки селектор, Боштјан Цесар, ова беше прва официјална победа (и први бодови) откако седна на клупата, па не го криеше задоволството од играта на своите избраници.

Сепак, она што најмногу одекна кај нас е неговата директна и реална опсервација за квалитетот на македонската репрезентација. Цесар не штедеше комплименти за индивидуалниот квалитет, но даде брутално искрена оценка за тимскиот дострел на нашата селекција во моментов.

„Македонија знае да игра, има врвни играчи кои настапуваат во добри клубови, и мислам дека нашиот дефанзивен блок денес одлично си ја заврши работата. Момците одиграа перфектен натпревар, но не смееме да дозволиме да нè зафати еуфорија. Игравме против добра екипа, која сепак не припаѓа во самиот врв“, изјави Боштјан Цесар по натпреварот.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Оваа изјава од противничкиот табор можеби звучи сурово, но претставува прецизна дијагноза за реалноста на македонскиот национален тим. И покрај талентот со кој располагаме, резултатите и играта на теренот покажуваат дека сме далеку од елитата, нешто со што стручниот штаб и федерацијата мора што побрзо да се соочат пред саботниот дуел со Шкотска во Скопје.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено