На Покоњоли му олесна: „Доминиравме од првата минута, победата е апсолутно заслужена!“

 

Објавено:

Селекторот на Шкотска, Себастиен Покоњоли, конечно може да здивне. Откако ја прекина очајната серија на својата репрезентација и ги впиша првите бодови во Лигата на нации со триумфот од 0-2 против Македонија, тој не го криеше задоволството од изданието на неговите фудбалери на Арената „Тодор Проески“.

Според предводникот на „Тартан армијата“, победата во Скопје е чиста и не остава простор за никакви дилеми, бидејќи произлезе од целосната доминација на теренот.

„Задоволен сум од настапот на мојот тим денеска. Игравме добро, доминиравме, создадовме многу шанси и на крајот заслужено победивме. Она што го пропуштивме да го направиме на првите натпревари, сега конечно го реализиравме. Многу сум среќен од играта вечерва,“ истакна Покоњоли по натпреварот.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Шкотскиот стратег посебно ја пофали стабилноста на својот тим, нагласувајќи дека дефанзивната линија одлично си ја завршила работата дури и кога останаа со играч помалку по исклучувањето на Скот Мекена во финишот.

„Беше многу важно да постигнеме гол и да победиме. Ги остваривме и двете цели вечерва, и мислам дека сега сè е полесно. Голем оптимист сум за следните натпревари во ноември. Се браневме добро и ја сочувавме мрежата чиста и покрај тоа што игравме 20 минути пред крајот со играч помалку.“

Иако куртоазно го пофали македонскиот тим, Покоњоли не пропушти да ја спореди доминацијата на Шкотска со онаа на Швајцарија, која исто така неодамна ги однесе бодовите од Скопје.

„Никогаш не е лесно, секогаш кога се игра на гости е потешко. Противникот беше квалитетен, но ние од првата минута се решивме да дојдеме до целта. И Швајцарија тука освои бодови, но мислам дека ние вечерва креиравме многу повеќе шанси,“ заклучи победничкиот селектор.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено