Македонските јуниори го започнуваат патот до Европското првенство

 

Објавено:

Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација денеска го започнува настапот на Европското првенство до 18 години во Дивизија А, кое од 26 јули до 3 август се одржува во Белград.

Избраниците на селекторот Горан Андреевски ќе ги бранат боите на Македонија против европски кошаркарски сили како Литванија, Грција и Србија, во групата “Ц”.

Ова е единствена македонска репрезентација што ова лето настапува во највисокото европско друштво “ТОП 16”. Задачата е предизвикувачка, конкуренцијата жестока, но нашиот млад состав оди во Белград со јасна цел – опстанок меѓу најдобрите и борба за секунда на теренот.

Извор: https://www.facebook.com/macedonianbasketball

“Се подготвувавме напорно, трениравме во одлични услови во СЦ ‘Борис Трајковски’, одигравме пет пријателски натпревари. Сѐ уште немаме реална слика каде сме во однос на селекциите од А дивизијата, но екипата е мотивирана и ќе даде сѐ од себе”, вели селекторот Андреевски.

Тимот ќе настапи без првиот плејмејкер Лука Марјановиќ, како и без натурализираниот Бутемер, кој во последен момент не доби македонски пасош. Но тоа не е причина за предавање.

“Одиме максимално мотивирани. Не сме тука за прошетка, туку за борба. Имаме многу млада екипа, осуммина родени 2008 година, но ќе се потрудиме да покажеме карактер и да избориме респект од секој противник”, порачува селекторот.

Извор: https://www.facebook.com/macedonianbasketball
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено