Ако се запрашавте каде сме цел ден со спортските новости, а не нè следите на социјалните мрежи, одговорот е – на Отвореното првенство во триатлон во Струга!
Суштината на нашата платформа не е само известување за спортските новости, туку и промовирање на спортската култура, локалните настани и спортските хероите од секојдневниот живот, кои пред сè ги инспирираат децата и младите да водат активен здрав живот.
Па така, денес после активните два месеци од кога ја стартувавме Спортска Станица, решивме да земеме воздишка и да бидеме присутни на еден убав спортски настан, без дистракции и чисто уживање во еден спортски настан покрај брегот на Охридското езеро.
За настанот и победниците ќе ви напишеме посебно, но она што ни остави најсилен впечаток е огромната вклученост на децата и младите во овој настан, посветен на спорт кој се смета за еден од најтешките.
Но, убавината кај децата е што кадешто возрасните гледаат потешкотија, тие гледаат предизвик, а во сениорите кои настапуваат гледаат херои кои ги инспирираат еден ден да станат како нив.
Многу насмевки, многу деца со спортска жар во себе и многу понесени впечатоци. Доколку идната година сте во можност, посетете го овој настан во организација на клубот “3disciplines” и дадете им поддршка на младите спортисти кои секојдневно се трудат да ги подобрат своите резултати и достигнувања. И што е најважно – учете ги децата да сакаат спорт!
П.С. За во иднина да не пропуштите каде сме, следете нè на социјалните мрежи 🙂