Попладневното невремето во Охрид стави непосакуван печат на 38-то издание на традиционалниот Охридски пливачки маратон. По 4 ипол часа борба со брановите и дистанцата, трката беше прекината во 14:30 часот од безбедносни причини, со што судиите мораа да ги пресечат резултатите според правилата.
Во машка конкуренција драмата беше целосна – во моментот на прекинот израмнети на првото место беа Италијанците Матео Фурлан и Федерико Тамборино, како и Аргентинецот Матијас Диас Хернандес. Согласно пропозициите, сите тројца се прогласени за победници и ја делат титулата.

Конечен пласман – мажи
Матео Фурлан (Италија)
Федерико Тамборино (Италија)
Матијас Диас Хернандес (Аргентина)
Марко Инглима (Италија)
Петар Цеков (Македонија)
Хуго Риберо (Португалија)
Александар Илиевски (Македонија)
Акилјес Балудо (Аргентина)
Леонид Мишевски (Македонија)
Кај жените, пак, Мајте Ајлен Пука од Аргентина беше во водство во моментот на прекинот и заслужено ја доби титулата. Второто место ѝ припадна на нејзината сонародничка Ерика Јенсен, додека третопласирана беше Милица Љубисављевиќ од Србија. Нашата Росана Гошева заврши четврта, пред Италијанката Елена Лоенело и Полјачката Алисја Гедриш.

Конечен пласман – жени
Мајте Ајлен Пука (Аргентина)
Ерика Јенсен (Аргентина)
Милица Љубисављевиќ (Србија)
Росана Гошева (Македонија)
Елена Лоенело (Италија)
Алисја Гедриш (Полска)
Иако трката не ја доживеа својата вистинска кулминација, и ова издание на маратонот ќе остане запаметено поради борбеноста на пливачите, но и поради природата која овој пат ја имаше последната збор.



