Манчестер Сити денес и официјално му посака добредојде на Тијани Рејндерс во клубот, откако беше потпишан петгодишниот договор со играчот од средниот ред.
26 годишниот Холанѓанец доаѓа од Милан, каде одигра одлична сезона со 15 постигнати голови – најмногу во својата кариера во една сезона, со дополнителни 5 асистенции.
Рејндерс доаѓа токму навреме за да може да се натпреварува во Светско клупско првенство на ФИФА кое ќе започне овој викенд.
Welcome to City, Tijjani! 🩵 pic.twitter.com/s5Ugt4qzAz
— Manchester City (@ManCity) June 11, 2025
“Сити е еден од најдобрите клубови во светот, со најдобриот тренер, играчи од врвна гласа и неверојатни услови за тренирање. Под водство на Пеп Гвардиола, Сити освои многу титули и јас сакам да помогнам да продолжи тој успех и во наредните години. Играњето во Премиер Лигата е остварување на мојот сон”, изјави Рејндерс.
Рејндерс е четвртото засилување сезонава во обид на Гвардиола да има подобра сезона од претходната, во која заврши трет зад Ливерпул и Арсенал, откако претходно ја освои Премиер Лигата во четири последователни сезони.
Останатите засилувања се Рајан Черки од Олимпик Лион, Рајан Аит-Нури од Вулвс и Маркус Бетинели од Челси.