Халанд најбрзо до 50 погодоци во Лигата на шампионите!

 

Објавено:

Ерлинг Халанд продолжува да испишува историја, а овој пат тој успеа да дојде до 50 погодоци во Лигата на шампионите во само 49 натпреварувања, што е најбрзо во историјата на елитното натпреварување.

Норвежанецот дојде до ваквиот историски подвиг, откако вечерва успеа да погоди во мечот против Наполи на домашен терен.

Со ова Халанд ја предводи листата на најбрзо постигнати 50 погодоци во Лигата на шампионите, а друштво му прават навистина легендарни имиња. Втор зад него сега е Руд ван Нистелрој, кому тоа му успеа во 62 натпревари, трет е Лео Меси со 66, а зад нив се Роберт Левандовски со 77 и Килијан Мбапе со 79 погодоци.

Сега предизвик за Халанд ќе биде да го достигне неверојатниот подвиг на постигнати 100 погодоци во Лигата на шампионите, нешто што им успеало до сега само на Кристијано Роналдо и Лео Меси.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено