Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, уште еднаш докажа дека е во своја, посебна лига, барем кога се во прашање изјавите по натпреварите. По ремито против Манчестер Сити, тој одржа прес-конференција која повеќе личеше на говор на Доналд Трамп, отколку на изјава на фудбалски тренер.
Артета, во налет на инспирација, откри дека неговиот телефон бил преплавен со пораки од светскиот крем.
“Слушнав многу работи преку мојот телефон. Не можеа да поверуваат што му направивме на Манчестер Сити. Луѓе кои се тренери, менаџери, извршни директори, претседатели…”, изјави Артета.
Реакциите: “Тие одат во друго училиште, не ги познавате”
Оваа изјава, која дојде по натпревар кој заврши нерешено, веднаш стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
“Тие тренери, менаџери, директори и претседатели одат во друго училиште, не ги познавате”, е еден од најпопуларните коментари, алудирајќи на старата шега за измислена девојка.
Други, пак, веднаш ја воочија сличноста со реториката на поранешниот американски претседател.
“Луѓе ми приоѓаат, ми се јавуваат, многу добри луѓе, некои би рекле најдобрите, и ми велат: ‘Микел, Микел, тоа што му го направи на Манчестер Сити беше толку храбро и силно'”, гласи еден од коментарите кој совршено го имитира стилот на Трамп.
Многумина го споредија Артета и со уште еден менаџер познат по своите “филозофски” изјави, Брендан Роџерс, нарекувајќи го негова “конечна еволуција”.
На крајот, иако Арсенал не го победи Манчестер Сити, Микел Артета дефинитиво победи на прес-конференцијата. Барем во својата глава.
Mikel Arteta: “I heard a lot of things using my phone, they could not believe what we did to Manchester City. People who are coaches, managers, CEOs, presidents.”
byu/SpareAstronomer insoccer