(Анализа) Себичност или очај? Салах го нападна Слот и го подели Ливерпул

Објавено:

Она што се шпекулираше со месеци, сега е потврдено од самиот извор. Мохамед Салах јавно го „запали“ мостот со Ливерпул и менаџерот Арне Слот, најавувајќи дека неговото време на „Енфилд“ може да заврши уште во јануари.

По ремито со Лидс (3-3), каде што остана на клупата, Египќанецот во 7-минутно интервју ја отвори душата, но и Пандорината кутија. Ова беше далеку од спонтана изјава – беше смислена порака што „гореше“ уште пред да излезе од соблекувалната.

Извор: https://www.nytimes.com/athletic/ {Justin Setterfield/Getty Images}

„Некој не ме сака во клубот“

Салах, кој вообичаено е резервиран пред камерите, овојпат беше брутално искрен. Тој изјави дека се чувствува предаден и жртвуван за слабите резултати на тимот.

„Не знам зошто ми се случува ова. Направив толку многу за овој клуб. Не треба секој ден да се борам за мојата позиција, бидејќи ја заработив“, изјави Салах, покажувајќи недостаток на самокритичност за неговата очајна форма оваа сезона (само 5 гола на 19 натпревари).

Најшокантниот момент беше признанието дека неговиот однос со Арне Слот е „целосно скршен“ и дека ги повикал родителите на следниот меч со Брајтон бидејќи тоа може да биде неговиот последен натпревар на „Енфилд“.

Потврда на теоријата на член на Спортска Станица?

Овој развој на настаните само ја потврдува теоријата која еден наш член на тимот ја застапува веќе подолго време: Проблемот со егото на Салах не е нов. Да се потсетиме на заминувањето на Садио Мане. Јавна тајна е дека Сенегалецот беше практично „избркан“ или приморан да си замине токму поради токсичната динамика и фаворизирањето на Салах. Сега, кога Египќанецот не е веќе недопирлив, историјата се повторува – но овојпат жртвата е самиот тој (или менаџерот).

https://www.dailymail.co.uk/ {© Action Images via Reuters}

Себичност или правда?

Иако Салах е повреден што е единствениот стартер од поразите со Форест и ПСВ кој е преселен на клупа, додека Конате и Гакпо продолжуваат да играат, многумина го осудуваат неговиот тајминг. Да се излезе со ваква „нуклеарна“ изјава кога тимот се мачи (само 8 бода од можните 30) и пред самиот да замине на Африканскиот куп на нации, се толкува како врвна себичност и непочитување кон клубот.

Едно е сигурно: Во јануари некој ќе мора да си оди. Или Салах, или Слот.

Извор: https://www.nytimes.com/athletic/ {Justin Setterfield/Getty Images}

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено