Атанасијевиќ со изјава што сите ја мислевме: „Је*ига, немавме среќа за победа, но карактерот нè врати!“

Објавено:

Павле Атанасијевиќ беше еден од „тивките херои“ на вчерашниот трилер против Португалија. Кога повредите на неговиот брат Петар и на Иван Џонов ја оставија левата крилна позиција празна, Павле без размислување се пресели на линијата и одигра партија за паметење. Со четири гола (три во клучниот втор дел), бекот на Еурофарм Пелистер покажа дека за него не постои „невозможна мисија“.

По мечот, во емотивна и искрена изјава, тој го сумираше она што го чувствуваше цела македонска јавност:

„Имавме осцилации во текот на целиот меч, но се вративме од минус пет бидејќи верувавме дека можеме дури и да победиме. Тоа е… је*ига, можеби немавме среќа на крајот за целосен триумф. Сепак, бод е бод и овој резултат ни значи многу, особено по таков камбек. Имавме шанса и за победа, но одиме понатаму, ќе видиме што ќе донесат следните денови“, изјави Атанасијевиќ.

Иако сите посакувавме два бода, Павле и момците покажаа дека со ваков пристап и „жртва“ за тимот (играње на неприродна позиција), Македонија може да му пркоси на секој гигант. Како што би кажале ние: пак нè потрошија емотивно, ама пак нè направија горди!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено