За време на натпреварот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во рамките на Светското клупско првенство, ѕвездата на германскиот клуб, Џамал Мусијала доживеа страшна повреда на зглобот на ногата после судирот со голманот Џанлуиџи Донарума.
Од Баерн Минхен потврдија дека станува збор за сериозна повреда, односно скршеница на коската на зглобот на ногата и дислокација на глуждот.
Jamal Musiala suffered a fibula fracture and an ankle dislocation and will be sidelined for a long period of time. 💔
We are with you every step of the way, Jamal! 🙏 pic.twitter.com/851vHUBeqv
— FC Bayern (@FCBayernEN) July 6, 2025
Поради оваа повреда, Мусијала како што велат до клубот ќе мора да отсуствува од терените подолг период, а наскоро ќе подлегне на првата операција.
Донарума се огласи на социјалните мрежи во врска со инцидентот, велејќи дека “ќе се моли за негово побрзо заздравување и враќање на терените”.
Според спортските познавачи станува збор за повреда која може да го тргне од терените во времетраење од цела сезона, а ова е огромен удар за играчот кој само што се врати од повредата на мускулот со која се здоби во 2024 година.




