НБА екраните синоќа понудија уште една потврда за огромниот респект меѓу балканските суперѕвезди. Иако Лос Анџелес Лејкерс успеаја да го совладаат Денвер Нагетс, првата ѕвезда на „езерџиите“, Лука Дончиќ, не штедеше зборови за да ја истакне важноста на Никола Јокиќ, кој поради повреда не беше во составот на гостите.
По натпреварот, Словенечкиот кошаркар даде изјава за медиумите, во која го нарече својот балкански ривал „вистински МВП“.
„Да се игра против Денвер без Јокиќ е сосема различно искуство. Тој е вистински МВП! Без него, тие се сосем друг тим. Секако, сè уште се опасни со многу играчи кои можат да погодат и да се истакнат, но влијанието на Никола е незаменливо“, изјави Дончиќ.
Luka Doncic says Jokic is the MVP pic.twitter.com/bwggm9ivai
— ⚡️ (@fearedlaker) January 21, 2026
Од дете во Словенија до лидер на Лејкерс и Ол-Стар
Покрај пофалбите за Јокиќ, Дончиќ се осврна и на неговиот огромен успех – изборот во стартната петорка за претстојниот Ол-Стар натпревар, каде што заврши како лидер според гласовите на фановите, што е уште една потврда за неговата популарност по доаѓањето во Лос Анџелес.
„Тоа е неверојатно чувство. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Почнав како дете од Словенија кое само сонуваше да игра во НБА, а сега сум во Лејкерс и избран во стартниот Ол-Стар тим… Тоа е навистина огромна чест“, истакна Дончиќ.



