12.8 C
Skopje

Барса понижена во Севиља: Каталонците без Јамал го предадоа врвот на Реал

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Барселона доживеа катастрофа во Андалузија со поразот од 4:1 во Севиља. Ова е нивниот најтежок пораз во првенството против овој ривал од 1951 година. Со тоа, “кралскиот клуб” повторно се врати на врвот на Ла Лига пред репрезентативната пауза.

Тимот на Ханси Флик, кој пред само неколку дена загуби и во Лигата на шампионите од ПСЖ, ја пропушти шансата да се искачи на првото место и го претрпе првиот пораз сезонава во домашното првенство.

Без младата ѕвезда Ламин Јамал, кој го пропушти натпреварот поради повреда, Барса беше без идеи и немоќна против агресивната Севиља. Домаќините поведоа со головите на Алексис Санчез од пенал и на Исак Ромеро, пред Маркус Рашфорд да намали во финишот на првото полувреме.

Сепак, во вториот дел сè се распадна. Роберт Левандовски промаши пенал, а Севиља казни со уште два погоди преку Кармона и Акор Адамс во самиот финиш на натпреварот за тотален колапс на Каталонците.

“Првото полувреме беше лошо, без решенија и со многу грешки. Во второто видов подобра реакција, но поразот боли. Сепак, ќе се бориме за сите трофеи”, изјави Ханси Флик по натпреварот.

Со овој резултат, Реал Мадрид води со два бода повеќе од Барселона по осум кола, додека Севиља ја запиша првата победа над Каталонците во првенството по повеќе од една деценија. Големото “Ел Класико” доаѓа на 26 октомври и ќе биде првиот голем тест во битката за титулата.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено