Бесплатен превоз до стадион и фан зона за македонските навивачи во Гент!

Објавено:

Фудбалската федерација на Македонија денес објави дека ќе организира официјална фан зона за македонските навивачи кои ќе ги бодрат нашите репрезентативци на гостувањето во петок во Гент.

Покрај фан зоната, организиран ќе биде и бесплатен превоз од фан-зоната до стадионот и назад.

Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

Натпреварот против Белгија е клучен во квалификациите за Светското првенство, а во Скопје покажавме дека и тоа како можеме да се носиме со фаворизираниот ривал.

За жал во Скопје во последните минути ги изгубивме трите бода, но се надеваме на вистинска борбеност и задржување на првото место на табелата овој петок. Поддршката од сите наши навивачи ќе биде исклучително важна, па се надеваме дека момците на теренот ќе ги понесе атмосферата од трибината.

Досега сме покажале дека и кога сме помалку можеме да бидеме погласни, а за инспирација на навивачите, кликнете тука и потсетете се како изгледаше гостувањето во Палермо, кога ја совладавме големата Италија на домашен терен!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено