9.8 C
Skopje

Браво момци! Македонија четврти пат по ред на Европските првенства!

Објавено:

Македонија повторно ќе ја слуша химната на најголемата европска сцена – четврти пат по ред сме меѓу најдобрите!

Во меч што значеше “сè или ништо”, нашите момци одиграа како вистински херои и ја декласираа Грузија со убедливи 3-0 (25-13, 25-16, 25-17). Мораше победа со три сета разлика и ја добивме на најдоминантен можен начин!

Предводени од непокорот капитен Никола Ѓоргиев, “Спартанците” од првата топка покажаа дека ја посакуваат победата на домашен терен. Првите два сета ги завршивме како од учебник, со апсолутна контрола и без ниту грам сомнеж. Во третиот сет Грузија се обиде да ни ја замати радоста и дури имаше водство од 9-11. Но, тогаш следуваше експлозија и серија од 9-1 за повторна македонска доминација. На крајот 25-17 и радост пред навивачите – Македонија пак е на Европското првенство!

Никола Ѓоргиев, капитенот на овој тим, заврши како најефикасен со 16 а свој голем придонес дадоа и Љафтов (12), Милев (9), како и Маџунков и Ѓорѓи Ѓорѓиев (по 8). Секој поен беше дел од новиот историски успех.

Грција ја освои групата со максимални четири победи во нашата група, а Македонија со две победи и два порази уште еднаш ќе ги крене знамињата високо меѓу најдобрите.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено