Коцките се фрлија, патот е исцртан! Доколку Македонија успее да го направи историскиот подвиг во баражот во март, нашата дестинација ќе биде Мексико!
Ждрепката во Вашингтон одлучи дека победникот од нашиот бараж (Патека Д) ќе биде дел од Групата А, каде што нè чека вистински фудбалски пекол и спектакл.
Група А: Егзотика и историја
Доколку ги елиминираме Данска и подобриот од дуелот Чешка/Ирска, нашите фудбалери ќе се соочат со:
- Мексико (Домаќин и носител) 🇲🇽
- Јужна Кореја (Предводена од Сон Хеунг-мин) 🇰🇷
- Јужна Африка (Африканска сила) 🇿🇦
Ова значи дека Македонија би играла на легендарниот стадион „Ацтека“, пред 80.000 фанатични мексикански навивачи. Тоа е група која ветува отворен фудбал, атрактивни противници и атмосфера за паметење.
Останатите групи накратко
Еве како изгледаат носителеите и шеширите 2 и 3 во останатите групи:
- Група Б: Канада, Швајцарија, Катар
- Група Ц: Бразил, Мароко, Шкотска
- Група Л (Пеколна): Англија, Хрватска…
Сега сè е во наши раце (и нозе). Данска е првата пречка до сонот наречен „Мексико 2026“!
Следете нè: Facebook | Instagram | X



