Брендот на Џордан за прв пат на национален дрес: Бразил го претстави гостинскиот дрес!

 

Објавено:

Бразилската фудбалска федерација и светскиот бренд „Jordan“ ја официјализираа својата прва историска соработка, откривајќи го гостинскиот дрес за Светското првенство 2026. Ова е првпат национален тим во фудбал да го носи легендарното лого на своите гради, спојувајќи ги двете најголеми спортски култури во светот.

Инспирација од златната 2002 и ерата на Мајкл Џордан

Додека домашниот жолт дрес останува под логото на „Nike“, гостинската варијанта е дизајнерско дело кое влече инспирација од екипата која последен пат му донесе светска титула на Бразил – легендите од 2002 година. Дизајнот на јаката и линиите на јакните ги враќаат навивачите во времето на Роналдо, Роналдињо и Ривалдо, но со модерен шмек.

Колекцијата не застанува тука. Голманскиот дрес и шорцевите се директна инспирација од „Златната ера“ на НБА и доминацијата на Мајкл Џордан со Чикаго Булс. Користени се материјали како ретро кошаркарска мрежа, а препознатливиот „дијамантски“ шаблон кој го носеше Џордан сега е интегриран во фудбалската опрема на „Селесао“.

„Закана од радост“: Јагуар, анаконда и отровна жаба

Дизајнот на самата маичка е многу похрабар од сè што сме виделе досега кај Бразил. Концептот е насловен „The Threat of Joy“ (Закана од радост), заснован на идејата дека бразилските фудбалери се најопасни кога играат со насмевка на лицето.

Боите и текстурата се инспирирани од најопасните суштества во бразилската прашума:

  • Јагуар и отровна жаба: За боите и линеарниот дезен на дресот.
  • Анаконда: Текстурата на материјалот е направена да потсетува на кожата на најголемата змија во светот.

„Сакавме да го донесеме нашето наследство и ДНК-та на двата бренда и да создадеме нешто сосема ново за Светското првенство“, изјави дизајнерката Мекензи Сем.

Светските спортски ѕвезди веќе успеаја да го „прошетаат“ новиот дрес, вклучувајќи го легендарниот Роналдињо, како и НБА ѕвездата Лука Дончиќ.

Потера по шесттата „ѕвездичка“

Оваа соработка има и симболично значење. Како што Мајкл Џордан и неговите Булс стигнаа до шест титули, така и Бразил ова лето ќе се обиде да ја освои својата шестта светска круна. Интересно е што последната титула на американско тло Бразил ја освои токму во 1994 година, па навивачите се надеваат дека магијата на Џордан ќе се повтори и во 2026.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено