10.8 C
Skopje

ГРМОТЕВИЦА ВО НБА: Оклахома е шампион, Шеј е новиот крал!

Објавено:

Чекањето заврши! По 16 долги години, громовите конечно удрија на врвот на НБА лигата. Оклахома Сити Тандер се новите шампиони!

И не се само победници во финалето, тие се креатори на една од најдобрите сезони во НБА историјата. Неизвесното надигрување во седум натпревари меѓу Оклохома и Индијана кулминираше рано утрово со резултат 103:91 за Тандерс.

Ова беше прв пат да се игра седмиот натпревар во НБА уште од 2016 година и само 20 пат во 79 годишната историја на лигата. Ова е втора титула за Тандерс, а прва откако тимот се пресели од Сиетл во 2008 година и се ребрендираше од Суперсоникс во Тандер.

Но, шампионатот е круна на одличната сезона во која победија 68 натпревари од регуларниот дел, поставија нов рекорд за просечна разлика во победите со 12.9 поени по натпревар) и на своја страна го имаа МВП-то на лигата уште пред да биде официјализирано.

За најкорисен играч на натпреварот сосема заслужено и очекувано беше прогласен 25 годишниот Канаѓанец Шеј Гилџус Александер, кој со своите 29 поени и 12 асистенции го одведе својот тим кон победата.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено