Циципас со порака за Ѓоковиќ: „Новак, те молам никогаш не се пензионирај“

Објавено:

Светот сè уште зборува за епското финале во Мелбурн каде Карлос Алкараз го совлада Новак Ѓоковиќ и го комплетираше својот „Кариерен Грен слем“ на само 22 години. Меѓу многуте честитки, најмногу внимание привлече искрената објава на Стефанос Циципас, кој со голема доза на спортска почит ги опиша двајцата финалисти.

„Ова е твој свет, Карлос“

Циципас, кој и самиот е голем ривал на обајцата, призна дека Алкараз во моментов е на едно сосема друго ниво.

„Честитки за твојот Кариерен Слем, Карлос Алкараз. Уште еднаш ги препишуваш историските книги пред наши очи. Ова е твој свет, а ние само живееме во него“, напиша Гркот.

Алкараз со победата од 3-1 во сетови стана најмладиот играч во историјата кој ги освоил сите четири Грен слем турнири, со што официјално ја презеде палката на лидер во новата ера на тенисот.

Порака до Новак: „Никогаш да не се пензионираш“

Иако Ѓоковиќ го загуби финалето, неговата игра на 38-годишна возраст го остави Циципас без зборови. Стефанос не го криеше воодушевувањето од долговечноста и формата на српскиот ас.

„Новак, уште еднаш редефинираш што може да направи еден 38-годишен спортист. Имав морници додека те гледав. Дај Боже никогаш да не се пензионираш“, додаде Циципас во својата емотивна објава.

Овие зборови на Циципас само потврдуваат колкаво е влијанието на Ѓоковиќ врз помладите генерации, дури и кога тој ја губи битката на теренот. Тенискиот свет во моментов е во рацете на Алкараз, но почитта кон „старата гарда“ останува поголема од кога било.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено