Циркузот продолжува: Вардар ги оспори обвинувањата од ФФМ

 

Објавено:

Циркузијадата во македонскиот фудбал не запира. Наместо да зборуваме за тактики, засилувања и европски настапи, главниот натпревар во моментов се игра на социјалните мрежи и низ правните лавиринти.

Откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покрена дисциплинска постапка поради контроверзната прослава на играчите, раководството на ФК Вардар експресно возврати со правен допис, оспорувајќи ја надлежноста и сите изнесени обвинувања.

Преку официјален статус, извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, порача дека клубот безрезервно верува во правниот систем на државата, раздвојувајќи ја моралната осуда од егзактните закони. Во однос на потегот на ФФМ, од таборот на „црвено-црните“ испратија јасна порака:

„Очекуваме посериозна и законски издржана постапка.“

Дали македонскиот фудбал дефинитивно се претвори во правна трагикомедија и полигон за пресметки на лични ега? Додека институциите си играат правен пинг-понг, вистинскиот спорт и навивачите остануваат најголемите губитници. Бегањето од политиката и враќањето на теренот очигледно ќе почека.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено