1.8 C
Skopje

Дали семејството Душебаев се сели во Кил во 2026?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонредна вест ја разбранува ракометна Европа! Според шпекулациите на неколку ракометни портали, германскиот ракометен гигант ТХВ Кил е сериозно заинтересиран за легендарниот тренер Талант Душебаев и неговиот син, суперѕвездата Алекс Душебаев.

Оваа вест доаѓа како гром од ведро небо, особено по најавите дека Алекс и неговиот брат Даниел ќе го напуштат полскиот Кјелце во летото 2026 година. Трката за нивните потписи е веќе во полн ек, а според најавите, Кил веќе одржал првични разговори со Талант и Алекс.

Кил подготвува мега-реконструкција?

Изгледа дека “зебрите” се подготвуваат за вистинска револуција во тимот почнувајќи од 2026 година. Резултатите на актуелниот тренер Филип Јиха, наводно, не ги задоволуваат целосно високите очекувања, што отвора простор за коренити промени. Во таа насока, Кил веќе го обезбеди потписот на словенечкиот плејмејкер Домен Макуц, кој ќе пристигне токму во 2026 година. Но, вистинската бомба би било доаѓањето на дуото Душебаев: Талант како стратег на клупата и Алекс како мотор на теренот. Ова би можело од темел да ја промени играта и амбициите на Кил!

Бундеслигата – “НБА на ракометот”?

Дали изјавата на Талант Душебаев од пред еден месец е најава за она што доаѓа? Тој јавно истакна дека би сакал да ги види своите синови како играат во Бундеслигата, нарекувајќи ја “НБА на ракометот”. Дали токму оваа желба ќе ги донесе во еден од најголемите германски клубови?

Ракометниот свет со нетрпение очекува дали оваа потенцијална династија Душебаев ќе отвори ново, спектакуларно поглавје во богатата историја на ТХВ Кил.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено