Дедо Мразовци го окупираат Скопје: Пријавете ги децата за највеселата трка!

Објавено:

Родители, дечиња, баби и дедовци – подгответе ги патиките и насмевките, бидејќи најшарената и највеселата трка во годината е повторно тука!

„Дедомразовска трка 2025“ ќе го претвори центарот на Скопје во црвено море од мали и големи Дедо Мразовци. Запишете го датумот: Недела, 28 декември, во 12:00 часот на Плоштад Македонија!.

🎅 Трчаме, пееме и се забавуваме!

Ова не е трка, ова е вистинска забава! Патеката е долга само 2 километри, што ја прави идеална дури и за најмалите ноџиња. Можете да трчате, да пешачите, па дури и да се возите во количка, најважно е да го носите црвениот костум и да уживате!.

Загревањето започнува од 11:00 часот со DJ и музика, а по трката следува голема новогодишна лотарија и доделување награди.

🎁 Подароци за најмалите

Имаме супер вест! Секое дете до 10 години (родено 2015 и помлади) добива НОВОГОДИШНО ПАКЕТЧЕ ако се пријави до 21 декември! Побрзајте, бројот на места е ограничен!.

👨‍👩‍👧‍👦 Семејни попусти

Трчањето во група е поевтино! Ако се пријавите како семејство, добивате попуст од 100 денари за секој член. Костумите се вклучени во цената (600 денари редовна, или помалку со попуст).

Пријавувањето е отворено на prvdovrv.mk до 25 декември. Не чекајте, ајде заедно да го обоиме Скопје во црвено!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено