Домен Превц е незапирлив: Петта победа во низа за Словенецот во Енгелберг!

Објавено:

Словенечката доминација во ски-скоковите продолжува. Домен Превц стана само десеттиот скокач во историјата кој успеал да врзе пет последователни победи во Светскиот куп, откако триумфираше на првиот натпревар во Енгелберг, Швајцарија.

Иако по првата серија беше на третото место, Превц со фантастичен скок од 142 метри во втората серија успеа да ги прескокне конкурентите и да стигне до нови 100 бода.

Ветерот му „помогна“ на Превц, Кобајаши падна на шестото место

Натпреварот во Енгелберг понуди драма до самиот крај. Водечки по првата серија беше олимпискиот шампион Рјоју Кобајаши, но Јапонецот немаше среќа со временските услови. Поради влошување на времето, тој беше задржан на рампата, а силниот грб ветер и послабата изведба го турнаа дури на шестата позиција.

„Беше навистина тешко денес и мислам дека имам многу среќа што сето ова ми се случува. Потребен ми беше експлозивен и моќен скок и се чувствував навистина добро, изјави Превц по победата.

Феликс Хофман со резултат на кариерата

Второто место му припадна на Германецот Феликс Хофман (326.4 поени), кој го оствари најдобриот пласман во својата кариера, додека подиумот го комплетираше Јапонецот Рен Никаидо (318.1 поени).

Во генералниот пласман, Домен Превц сега има убедлива предност од 219 поени пред второпласираниот Кобајаши.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено