Дончиќ запиша трипл-дабл уште во првото полувреме, Леброн со „невозможни“ забивања!

Објавено:

Она што за обичните смртници е невозмижно, за Лука Дончиќ е само уште еден петок во НБА лигата. Словенечкиот ас приреди историско шоу во Вашингтон, предводејќи ги Лос Анџелес Лејкерс до убедлива победа над Визардс со 142:111, откако го комплетираше својот трипл-дабл учинок уште пред да заврши втората четвртина!

Историја која не се памети од 1997 година

Иако неговиот настап беше под знак прашалник поради повреда на зглобот, Лука реши не само да игра, туку целосно да го уништи противникот. До паузата, тој веќе имаше 26 поени, 11 асистенции и 10 скокови, со што стана единствениот играч од 1997 година наваму кој успеал да стигне до 25/10/10 во првите 24 минути од еден меч.

Натпреварот го заврши со брутални 37 поени, 13 асистенции и 11 скокови, шутирајќи нестварни 9/13 од поле во првиот дел.

„Можеби изгледа лесно, но верувајте дека воопшто не е. Се чувствувам одлично што влегов во ваков ритам“, изјави скромно Дончиќ по мечот.

Леброн Џејмс одбива да остари

Додека Лука ја полнеше статистиката, 41-годишниот Леброн Џејмс се погрижи за визуелниот спектакл. „Кралот“ постигна 20 поени, но главна тема се неговите забивања во првото полувреме и моментот кога како на мотор го помина 216-сантиметри високиот Алекс Сар за моќно забивање.

Тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, не можеше да остане рамнодушен на потезите на својот ветеран:

„Она забивање преку Сар… тоа беше нешто неочекувано. Си дозволуваш две и пол секунди да уживаш, па продолжуваш понатаму“, изјави Редик.

Свој голем придонес во победата имаше и Деандре Ејтон, кој доминираше во рекетот со 28 поени и 13 скокови, правејќи го нападот на Лејкерс нерешлива енигма за Вашингтон.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено