Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа одлична победа од 3:2 против своите врсници од Турција, во натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен меч, но мораа да се помачат за да го осигураат триумфот против силната турска селекција.
Нашите млади надежи фуриозно го започнаа натпреварот. Веќе во 2. минута, Драган Петков го отвори резултатот, а предноста ја удвои Стефан Стојановски во 23. минута, обезбедувајќи водство од 2:0 на полувремето.
Гол за победа во судиското надополнување
Сепак, Турција не се предаде и успеа да ги искористи грешките во македонската одбрана во второто полувреме. Со головите на Озбугуту (51. минута) и Озкан (60. минута), гостите успеаја да израмнат на 2:2, внесувајќи драматична неизвесност во финишот.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи Павел Димоски. Тој постигна гол за победа на македонската репрезентација во судиското надополнување од натпреварот (93. минута), носејќи им заслужена радост на младите фудбалери и стручниот штаб.
За Македонија до 15 години настапија: Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов;



