Ефектот на Леброн Џејмс: Како Ламин Јамал и Барса планираат историски пресврт против Атлетико!

 

Објавено:

Барселона се наоѓа пред еден од најголемите предизвици оваа сезона. По поразот од 2-0 на домашен терен од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, на „Каталонците“ им е потребно чудо на „Метрополитано“. Но, наместо во фудбалската историја, Ламин Јамал и соиграчите инспирацијата ја побараа на кошаркарските терени, поточно во легендарниот подвиг на Леброн Џејмс од 2016 година.

Пред десет години, Кливленд Кавалирс станаа првиот тим во историјата на НБА финалето кој успеал да се врати од негатива од 3-1 против моќниот Голден Стејт. Тој дух на „невозможното“ сега е главното гориво во соблекувалната на Ханси Флик.

Извор: https://www.fcbarcelona.com

Мемињата како мотивација: „Никој никогаш не се вратил…“

Интересен феномен ја зафати соблекувалната на Барса. Популарното интернет меме со Леброн Џејмс (со очила за сонце и слушалки) и натписот дека „ниту еден тим не се вратил од 3-1“, стана вирален меѓу фудбалерите. Тие меѓусебно си препраќаат монтирани верзии каде се наоѓаат во истата поза, со порака: „Барселона никогаш не го елиминирала Атлетико во ЛШ во два меча“.

Младиот лидер, 18-годишниот Ламин Јамал, отиде чекор подалеку и својата профилна слика на Инстаграм ја промени со фотографија од Леброн како го држи шампионскиот пехар и МВП признанието.

„Леброн е еден од моите идоли кои ме инспирираат за утрешниот меч. Ќе размислувам за тоа како тој го направи пресвртот и се надевам дека истото ќе ми се случи и мене. Се сметам себеси за еден од лидерите на овој тим и ветувам дека ако испаднеме, тоа ќе биде со борба до последната секунда“, изјави Јамал на вчерашната прес-конференција.

Приоритет е Европа, Ла Лига е „решена“

Додека во домашното првенство Барселона е на чекор до одбрана на титулата со девет бода предност пред Реал Мадрид, Лигата на шампионите е означена како апсолутен приоритет. Навивачите на „Камп Ноу“ по победата над Еспањол веќе почнаа да скандираат „Да, ние можеме“ (Yes we can), испраќајќи ги играчите во Мадрид со огромна поддршка.

Историјата е на страната на Симеоне

Статистиката не е милосрдна кон Барса. Атлетико Мадрид двапати ги елиминираше „Каталонците“ во четвртфиналето на ЛШ (2014 и 2016 година), а сезонава веќе преживеа еден налет на Барса во Купот на Кралот, каде по 4-0 во првиот меч, едвај се спаси со пораз од 3-0 во реваншот.

Ханси Флик ќе биде без Пау Кубарси кој заработи црвен картон на првиот меч, но со мотивираниот Јамал и „менталитетот на Леброн“, Барселона верува дека вечерва во Мадрид може да се случи нова спортска историја.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено