10.8 C
Skopje

Екс-Македонецот Ти-Џеј Шортс слетува во Атина

Објавено:

Панатинаикос денес го потврди потписот на еден од највозбудливите плејмејкери во Европа – Ти-Џеј Шортс, кој потпиша договор на две години.

Американецот со висина од 175 см можеби не изгледа импресивно на хартија, но на теренот е вистинска кошаркарска машина. Шортс доаѓа од Париз Баскетбол, со кој ја освои француската лига и остави печат како еден од најдобрите играчи во Европа.

Американецот, кој пред неполна година го носеше дресот на македонската репрезентација, одигра сезона од соништата и беше апсолутен лидер на својот тим. Во финалето на францускиот шампионат, Париз го совлада Монако, а Шортс уште еднаш докажа дека е играч за големи натпревари, носејќи го својот тим до најголемиот успех во клупската историја.

Извор: https://www.leparisien.fr/ {Johnny Fidelin/Icon Sport}

Париз беше негова сцена. Дебито во Евролигата сезонава беше спектакуларно: 19 поени, 7.3 асистенции и место во најдобрата петорка на сезоната, со титула за најдобар организатор во лигата.

За жал на македонските навивачи, соработката со Кошаркарската федерација беше краткотрајна, па Шортс повеќе не е дел од нашиот национален тим. Додека Париз го слави својот нов херој, кај нас останува прашањето каков ас испуштивме од раце и каков пех е тоа што еден ваков лидер повеќе не игра за Македонија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено