Елмас стартува против „Старата Дама“: Наполи пред голем тест во Торино, Конте и Спалети во војна со минатото!

Објавено:

Вечерва од 18:00 часот, стадионот „Алијанц“ во Торино ќе биде центарот на најголемото дерби во ова коло од Серија А. Јувентус го пречекува Наполи во натпревар кој е многу повеќе од обични три бода – ова е дуел на лутите ривали, но и соочување на Антонио Конте и Лучијано Спалети со нивните поранешни клубови.

Шанса за Елиф Елмас во „пеколот“ на Торино

Македонскиот „дијамант“, Елиф Елмас, доби доверба од Антонио Конте и ќе започне во стартниот состав на Наполи. Во услови на голема криза со повреди, Елмас ќе биде клучната алка во средниот ред и поддршка за напаѓачот Расмус Хојлунд. Ова е голема можност за нашиот репрезентативец да покаже дека заслужува постојано место во првиот тим, особено во вака важен натпревар.

Наполи десеткуван, Јувентус со најсилното оружје

Антонио Конте се соочува со вистински кошмар. Листата на отсутни е предолга – Политано, Рахмани, Мацоки, Де Брујне, Ангиса и Гилмур се надвор од комбинација. На сето тоа, во последен момент отпадна и голманот Милинковиќ-Савиќ, па на голот се враќа Алекс Мерет по пауза од неколку месеци.

Од друга страна, Лучијано Спалети го предводи Јувентус со напаѓачко трио Консеисао, Јилдиз и Џонатан Дејвид, поддржани од искусниот Меккени. Иако Јувентус неодамна киксна против Каљари, атмосферата во тимот е одлична по триумфот во Лигата на шампионите.

Официјални состави:

ЈУВЕНТУС: Ди Грегорио; Калулу, Бремер, Кели, Камбијазо; Локатели, Тирам; Консеисао, Меккени, Јилдиз; Дејвид.

НАПОЛИ: Мерет; Ди Лоренцо, Бунџорно, Жуан Жезус; Гутиерез, Лоботка, Мектоминеј, Спинацола; Вергара, ЕЛМАС, Хојлунд.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено